Две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а осум се полесно повредени во осум од вкупно 19 сообраќајки регистрирани во изминатите четири дена на подрачјето на СВР Скопје.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во тек на празничкиот продолжен викенд се санкционирани 50 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената со пропишаните сообраќајни знаци.