За повеќе од двојно зголемен бројот на барања за Бесплатна правна помош

Од:

Бројот на поднесени и одобрени барања за Бесплатна правна помош (БПП) во 2020 година изнесува 663 и е зголемен за 121 проценти во споредба со 2019 година, кога 299 лица примиле примарна правна помош во подрачните одделенија на Министерството за правда. Зголемување од 46 проценти во споредба со 2019 година има и кај вкупниот број на одобрени барања за секундарна правна помош.

Ова се резултатите објавени на точно една година од отпочнувањето на кампањата за подигање на свеста за бесплатната правна помош (БПП) во Северна Македонија на Европскиот ден на правдата, која е иницирана во рамки на проектот „Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија” дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа, Horizontal Facility II за Западен Балкан и Турција. Кампањата допре до повеќе од 300 000 луѓе, информирајќи ги за важноста, достапноста и функционирањето на системот за БПП.

Имено, Бесплатната правна помош претставува давање на бесплатни правни услуги на сиромашни и маргинализирани лица кои инаку не можат да си ги дозволат, а кампањата беше потребна со цел запознавање со новиот Закон за Бесплатна правна помош (ЗБПП) што почна да се спроведува од 1 октомври 2019 година, кој користи полиберален пристап, има поширок опфат и осигурува пристап до правна помош за сите правни прашања, со исклучок на тие што се експлицитно наведени.

Кампањата за подигање на свеста има цел да се зајакнат познавањата за Бесплатната правна помош (БПП) како кај правните професионалци, така и кај потенцијалните корисници, да се поддржи поширок пристап и да се зголеми бројот на поднесени барања за БПП, со особен фокус на жени, на деца и на ранливи групи.

– Кампањата ја зајакна свеста за БПП како на правните професионалци, така и на потенцијалните корисници со цел поддржување на поширок пристап, со особен фокус на жени, на деца и на ранливи групи. Во период од една година, во рамки на проектот за Бесплатна правна помош во Северна Македонија, се поддржаа разни промотивни активности за подигање на јавната свест. Поконкретно, беа произведени важни промотивни материјали за информирање на различна публика, како информативни листови, летоци, постери на македонски, албански, турски и ромски јазик кои беа дистрибуирани до повеќе од 230 релевантни институции / организации, со цел да се допре до што е можно повеќе луѓе, особено до ранливите групи, со особен фокус на жртвите на семејно насилство, деца, Роми и останати малцинства, се наведува за кампањата.

Со цел да се поддржи овој процес, беа креирани и нова страница за БПП на Фејсбук додека пак, новата веб-страница за БПП, http://www.pravnapomos.mk беше направена за поддршка на Министерството за правда и таа почна да функционира како платформа со ресурси на којашто можете да најдете важни и ажурирани информации за услугите за бесплатна правна помош во Северна Македонија. Беа објавени и реклами во повеќе веб портали, како и во дневни весници, повеќе од 30 статии на национални и локални медиумски портали и интервјуата, а беше направено и промовирано анимирано видео за БПП коешто беше објавено на Веб-страницата за БПП, на страницата за БПП на Фејсбук, “Бесплатна Правна Помош”, и беше емитувано на национални ТВ-станици на македонски и на албански јазик (МТВ 1 и МТВ 2), како и на повеќе локални ТВ-станици.

Во иднина се очекува натамошно зголемување на бројот на граѓани кои слушнале за користењето на услуги за БПП бидејќи, кампањата што започна минатата година, по повод Меѓународниот ден на правдата, ќе продолжи да се спроведува.

Би можело да ве интересира

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Палевски може да се жали на секоја фаза од постапката и само тој има право да побара побрза екстрадиција

Рекламирањето на партиите за избори да не биде веќе на товар на државата предлага работната група за измени на Изборниот законик

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски

Катерина Ѓуровски

Во новиот закон што го предлага Правда, помилување може да има само доколку е донесена правосилна судска пресуда

Правда бара Турција да го држи Палевски во притвор, почна постапката за екстрадиција

Катерина Ѓуровски