ВИДЕО: За партиската трибина на СДСМ, полицијата уште од вечерва ја обезбедува салата „Борис Трајковски“

Од:

Сите шест влезови на паркингот на спортската сала „Борис Трајковски“ вечерва се затворени од полицијата. Ова се случува непосредно пред утрешната трибина на СДСМ, која треба да се одржи во оваа сала, а откако денеска имаше дојава за поставени бомби.

Објектот е под целосна полициска опсада, најверојатно поради безбедносна проценка на МВР, а со цел, ако утре има дојава, да не мора присутните да се вадат надвор од трибината.

Сите кои ја користат салата за вежбање, за крос-фит, но и оние кои дошле да ги посетат продажните салони, реагираат поради блокадите кои ги поставила полицијата. Дел од нив и гласно коментираа дека тие треба да губат време и нерви, за да СДСМ непречено си држи трибини.

Досега ова е првпат да се примени ваква мерка на обезбедување на објект по дојави за бомби. Ова не беше направено ниту во училиштата каде десетици пати имаше дојави за лажни бомби, а учениците трпеа и психолошки последици поради постојаните евакуации од страна на полицијата.

„А1он“ побара одговори и од МВР дали на овој начин сакаат да спречат евакуација ако додека трае трибината стигнат дојави за бомби, а оттаму најавија одговор за подоцна.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мора да има одговорност за починатото бебе на Детската клиника

Катерина Ѓуровски

Тошковски: Лажно и манипулативно е тврдењето на СДСМ дека за време на моето раководење со МВР е расчистен само еден случај

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра