ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра

Од:

За да одиме напред мора да знаеме факти за минатото. За да одиме напред мора да знаеме што ни остави претходната влада на СДС и ДУИ.

Да видиме каде сме треба да знаеме од каде почнавме и што наследивме? За да оцениме дали сме задоволни треба да знаеме што се случувало?

Каква држава остави владата предводена од СДС? Држава која тоне во корупција и криминал, скандалозни тендери, руинирани институции, Македонија на дно во регионот по сите параметри и што уште не, листата е долга.

Во низата скандалозни тендери се и оние на Македонски железници и Државни патишта. Станува збор за тендери за пругата кон Бугарија и патот Прилеп – Градско.

Станува збор за најскап тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а вредноста е зголемена за 220 милиони и изнесува 560 милиони евра наместо првично предвидените 340 милиони евра.

Овој начин на работа, вакво трошење на народните пари останува во минатото, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Министерот Клековски: Нездравата исхрана и неактивноста се коренот на проблемот, потребни се радикални превентивни мерки

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

Ѓорѓиевски: Да живее слободно Скопје

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски