За обвинителката Бундалевска снимките од безбедносна камера не се доволен доказ за нападот врз новинарите на А1он

Од:

За обвинителката Снежана Бундалевска не се доволен доказ фотографиите на фоторепортерите и снимките од безбедносните камери на Градскиот трговски центар за да покрене обвинение против напаѓачите на новинарот и снимателот на А1он кои во февруари годинава беа нападнати пред Триумфалната порта.

Бундалевска, која по речиси три месеци од нападот ги повика новинарите на распит рекла дека нема никакви снимки од местото на нападот, па затоа не можела да покрене обвинение. Таа на новинарите им кажала дека ќе направи се што може да го реши случајот до крај, а како причина зошто ги викнала на распит дури три месеци по нападот, таа ја обвини поштата, бидејќи како што тврдела, поканите за распит ги испратила многу порано.

Сепак, чудно е нејзиното тврдење дека испратила покана многу порано ако се земе предвид делот на поканата каде што пишува „Ако оштетениот кој е уредно повикан не се јави на закажаниот термин за распит и не го оправда своето не доаѓање ќе биде присилно доведен и ќе ги сноси трошоците за своето доведување“.

Инаку, Бундалевска беше обвинител за кршењето на канцеларијата на Ѓроге Иванов на „Рекорд“ и побара притвор за Здравко Савески и Владимир Куновски и е несудена обвинителка во Специјалното јавно обвинителство.

Осомничениот М.К. инаку вработен во Град Скопје бил на распит во полицијата, но не му е одредена никаква мерка за претпазливост.

Би можело да ве интересира

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама