А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Постои политизирана селективна правда, пишува ВМРО-ДПМНЕ во предлог-законот за Јавно обвинителство

by А1он27/07/2019 - 14:2427/07/2019 - 14:38893
Share0

Во предлог-законот за Јавно обвинителство на ВМРО-ДПМНЕ, партијата предлага државниот јавен обвинител да одлучува за обвиненијата на СЈО кои до судот се поднесени до закоснкиот рок од 30 јули 2017 година, а тој понатаму да одлучи кому ќе ги делегира предметите.

Следете a1on на Instagram Instagram

Објаснувањето кое неодамна го даде лидерот на партијата, Христијан Мицкоски е дека не сите обвиненија на СЈО се за во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

За истрагите и предистражните дејствија отпочнати по тој рок, партијата предложила да биде почитувано начелното правно мислење на Врховниот суд кој одлучи дека СЈО е неовластен тужител по законскиот рок, како и одредбите на Законот за кривичната постапка во делот на незаконитост на доказите. Во сите реченици на предлог-законот партијата користи Република Македонија.

Јавниот обвинител треба да состави посебен извештај за постапките и процедурите кои ги презел за делегирање од СЈО и за тоа да го информира Собранието. Партијата предлага да се зголеми бројот на обвинители во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, како и поголем буџет.

Следете a1on на Youtube YouTube

ВМРО-ДПМНЕ, предлага во Обвинителството за гонење организиран криминал и коруцпија да се фомрираат две одделенија: oдделение за истражување и гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција и oдделение за гонење висока корупција на кривични дела сторени од избрани и именувани лица и носители на јавни функции.

Партијата направила и анализа која е појаснета на почетокот на предлог-законот, во која пишува дека од 2015 година до 2018 година биле поднесени помалку кривични пријави против полнолетни сторители на кривични дела за 3.666 лица или 17,40% во 2017 година во однос на 2015 година, односно за 9.459 лица или 44,90% во 2018 година.

„Намален е и бројот на поднесените кривични пријави до Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција од 628 во 2015 година на 408 пријавени лица во 2017 година или намалување за 35,30%. Ова се загрижувачки податоци, имајќи предвид состојбата на растечкиот криминал во државата, особено на тешкиот организиран криминал и корупцијата“, пишува во образложението.

„Намалувањето на бројот на кривични пријави не се должи на намалениот криминал во државата, туку напротив, тоа се должи на политизираната селективна правда во пријавувањето на сторителите на кривичните дела“, забележала партијата во предлог-законот.

Во предлог-законот пишува дека има селективно пријавувавње на кривичните дела: „Селективност во пријавувањето и гонењето и недоволен квалитет на пријавите и одлуките втемелени врз политички, а неправни причини за донесената одлука, особено за кривичните дела од огрганизираниот криминал и корупцијата. Само 6,7% од пријавите се решени на тој начин што за нив е донесена наредба за спроведување на истрага. Голема невоедначеност во одлучувањето и големи разлики во постапувањето на јавните обвинителства“.

Советеот на јавни обвинители, според предлог-законот има  обврска да започне постапки за усогласување со одредбите  на овој закон за именување и избор, во рок од три месеци за јавниот обвинител на Република Северна Македонија, јавните обвинители на вишите јавни обвинителства, јавниот обвинител на јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, јавните обвинители на основните јавни обвинителства и јавните обвинители во јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

sjovmro-dpmne

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Предраг Петровиќ07/11/2026 - 12:03

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

Предраг Петровиќ05/11/2026 - 19:17

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Горан Наумовски01/11/2026 - 13:33

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

Предраг Петровиќ30/10/2026 - 20:20

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

Предраг Петровиќ24/10/2026 - 09:43

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски15/10/2026 - 09:2715/10/2026 - 09:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео