За непрописно престигнување вчера 102 казни на територијата на цела држава

Од:

Сто и двајца возачи се казнети за непрописно престигнување вчера при акциска контрола на полицијата на територијата на целата држава.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека најголем број од нив се од територијата на СВР Охрид и СВР Тетово, каде што се изречени 30 односно 27 санкции.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува МВР.

Би можело да ве интересира

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози