За непрописно паркирање изречени 123 казни, со пајак подигнати 92 возила

Од:

На подрачјето на Скопје изминатото деноноќие полицијата издала 123 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 92 возила.

Според дневниот билтен на СВР Скопје, изминатите 24 часа од сообраќај се исклучени 24 возачи кои возеле пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и два возачи почетници, како и 21 нерегистрирано возило. Полицијата санкционирала и 14 возачи кои возеле побрзо од дозволеното.

Евидентирани се и два возачи за неносење сигурносен појас и 10 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле.

Изминатото деноноќие се случиле 11 сообраќајни незгоди. Во четири од нив полесно се повредени пет лица.

Од СВР Скопје за денеска најавуваат дека ќе се реализираат едукативни работилници од областа на сообраќајот со ученици од второ одделение во ООУ „Рајко Жинзифов“.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози