За неполни 24 часа донирани 620 илјади денари за поплавените подрачја

Од:

Во координација и соработка на Црвениот крст на Македонија и надлежните институции во тек е хуманитарна акција за помош и поддршка на поплавените подрачја во Македонија. На отворените телефонски броеви за донации до денеска се собрани 620.000 денари, донирани се вода за пиење, средства за дезинфекција и за хигиена, ќебиња, душеци… За потребите на акцијата отворена е и девизна сметка на барање на македонски граѓани кои живеат во странство.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов потенцира дека сите активности се преземаат координирано, со цел најефикасно да се искористат ресурсите. Задоволен е од одгласот на граѓаните и компаниите на повиците за донации. Потенцира дека Владата ќе се откаже од ДДВ-то на средствата за донации на отворените телефонски броеви и оти и тие заедно со другите ќе бидат наменети за санација на последиците од поплавите и создавање можности за враќање на лицата кои ги напуштале домовите.

Апелираше до сите граѓани, приватни компании, Македонците од дијаспората и луѓе надвор од државата да се приклучат кон хуманитарната акција.

– Ги повикам сите граѓани на Република Македонија, сите приватни компании и приватни бизнисмени и стопанственици, македонската дијаспора и пријателите на Република Македонија надвор од нашата држава да се вклучат во овие хумани процеси. Во текот на вчерашниот ден се отворија и телефонски броеви за донации коишто се ставени на располагање и ги повикувам сите да дадат свој придонес во оваа акција и во акциите коишто ќе следуваат со цел да ги обезбедиме финансиските средства коишто ќе бидат потребни за следната фаза, односно по повлекувањето на водата, по поплавите, да се искористат наменски за потребите на оние коишто се погодени и за домаќинствата коишто се во ризик како резултат на самите поплави. Телефонските броеви коишто се ставени на располагање се на ONE, T-mobile,  и VIP и тоа: 075 143   400, 070 143400, 077 143400, рече Спасов.

Информира дека Центрите за социјални работи во соработка со општините се на терен и прват увид во самите домаќинства коишто се погодени и додаде дека на овие семејства ќе им биде дадена и еднократна помош, а за истите ќе бидат одделени и голем број средства собрании од телефонските донации.

Како што посочи генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија Саит Саити волонтерите со донациите ќе им се помогне на околу 650 загрозени семејства, од кои на околу 300 семејства помошта им е веќе доставена.

Тој апелираше граѓаните и компаниите кои сакаат да помогнат во моментов да го направат тоа со парични донации, бидејќи како што рече, тие ќе бидат потребни за натамошните фази на санација на последиците од поплавите.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата

За настраданите од поплавите во Шпанија ќе донираат по 100 евра за секој километар што ќе го претрчаат на теренот

А1он

(ВИДЕО) Невремето од Валенсија се пресели во Барселона, поплавени улици, отежнат сообраќајот на возовите