За нецела седмица втор пријавен случај на исчезнати лица во Штип

Од:

По примен телефонски повик, 62-годишниот Цане Јанев од Штип во неделата излегол од својот дом и оттогаш му се губи секаква трага. Цане последен пат бил виден во дворот на семејната куќа во штипската населба Кадидаре.

Според кажувањата на неговата сопруга, Цане добил телефонски повик по што со брзање го напуштил домот. По неколку часа сопругата го побарала на мобилниот телефон, но Цане бил недостапен.

Јанев има бела кратка коса и видлив физички недостаток на левото око, а во моментот кога последен пат е виден, бил облечен во црна блуза и црни пантолони.

Ова е втор случај неделава граѓани на Штип да побараат помош од медиумите за пронаоѓање на нивните најблиски.  Пред два дена Семејството Асанови од Штип преку медиумите упати апел до граѓаните да пријават доколку имаат некаква информација за 13-годишната Перијан,  која семејството за последен пат ја видело на 27 август.

Двата случаи се веќе пријавен во СВР- Штип.

М.Р.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“