За насилство – домашен притвор, за новинарски текст – во Шутка

Од:

На двајцата жители на Скопје кои на крајот на јули насилно се обидоа да внесат 36-годишна девојка во нивниот автомобил, а потоа ја влечеа и нанесоа телесни повреди, истражниот судија им одреди 30-дневен домашен притвор.

Сега судот не гледа причина дека двајцата можат да избегаат, да влијаат врз сведоците и што уште не од причините кои ги наведуваше кога сакаа да го оправдаат притворот на новинарот Томислав Кежаровски, продолжуван во три наврати по 30 дена.

novinariKEzo

Судот сметаше дека Кежаровски има опасност да избега, но зошто не ја гледа истата опасност сега?

Токму ова е апсурдот на македонското судство, кое секојдневно се демантира низ своите пресуди и одлуки.

krazba7godini

Неодамна за убиство во Тетово на Крсте Стерјоски убијците добија вкупна казна од 4 години. Тој им подлегна на повредите по физичкиот напад. Неговите роднините протестираа пред судот со пароли „Седум години за кражба, а за убиство една година“.

ljuberover

Токму, со изјава од заштитен сведок што слушнал и што претпоставува, 12 години затвор доби Љубе Бошкоски за помагање на убиство пред повеќе од една деценија.

Дали на судот му е јасно зошто се протестира пред неговите врати?

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби