Мисајловски: Никогаш нема да го прифатам овој резултат

Од:

Владо Мисајловски, носител на пратеничката листа од ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа изборниот резултат и обвинува за фалсификување на изборите. Тој тврди дека имало изборен поткуп и заплашување на гласачите од страна на СДСМ. Истовремено, Мисајловски е задоволен со победата на ВМРО-ДПМНЕ во втората изборна единица.

„Со целиот изборен фалсификат, енормниот поткуп од владејачката партија, незаконските асфалтирања во тек на кампања во сите населени места, градење на диво канализации и огромни заплашувања од целата листа на СДСМ на чело со премиерот на државата и сите репресивни органи и институции на власта, сепак успеавме да ги победиме. Јас никогаш нема да го прифатам овој резултат затоа што не ја одликува реалноста и сме сведоци на најголемиот фалсификат во историјата“, пишува Мисјаловски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела