За Мицкоски одлуката да се запре постапката за набавката на мазут е „скандалозна“, очекува Вишото обвинителство правилно да ги разгледа фактите

Од:

За премиерот Христијан Мицкоски одлуката на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција да ја запре истрагата за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино е скандалозна.

„ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, веќе вложи жалба на скандалозната одлука на ОЈО-ГОКК. Очекуваме Вишото јавно обвинителство правилно да ги разгледа сите факти и да одлучи по тоа во жалбата. Да почекаме, па да коментираме“, изјави Мицкоски.

Претходно, ОЈО-ГОКК соопшти дека ја запира едногодишната истрага за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино во периодот на енергетската криза, бидејќи не биле обезбедени доволно докази за поднесување обвинение.

Меѓу осомничените, во истрагата беа Ратко Капушевски, Асмир Јахоски – сопственик на „Пуцко Петрол“ и син на пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски, како и поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Мицкоски чека одговор од студентите за владиниот предлог за студентски оброк

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

Мицкоски разговараше со Срдановиќ: Му честитав за победата!

А1он

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации

(ВИДЕО) Мицкоски: Нема да отстапиме од македонските национални интереси, но и од стратешката цел – да бидеме дел од европското семејство

Горан Наумовски