За кумановец обвинителството предложи парична казна заради непочитување на самоизолација

Од:

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот на 18 март, допатувал од Србија-земја со средно ниво на ризик. Иако, на граничниот премин бил предупреден за здравствените прописи и потпишал изјава, постапил спротивно на одлуката на Владата на Република Северна Македонија, која се однесува на мерки за сузбивање и спречување на ширење на корона ворусот-COVID 19. Наместо да спроведе задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена на адресата дадена во изјавата, излегол од своето престојувалиште и се упатил во непознат правец. На 25 март, при контрола извршена од страна на полициски службеници, не бил пронајден во престојувалиштето со што го сторил кривичното дело што му се става на товар.

Обвинителството до судот достави предлог, на обвинетиот да му биде изречена кривична санкција, парична казна во висина од 100 дневни глоби во вредност од 20 евра во денарска противвредност.​

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски