За кого е наменето земјиштето што државата го одзема од Црквата?!

Од:

Индискиот бизнисмен кој треба да гради луксузен котел кај Љубаништа, Субрата Рој не го сака црковното земјиште. Тој се откажал од истото кога дознал дека тоа е во сопственост на Црквата. Ова, за А1ОН го потврдија и од неговата фирма во Скопје. Оттаму стојат на ставот дека проектот ќе успее и тој луксузен комплекс ќе се изгради.

Се уште има подготовка на теренот. Таму има имот на приватни лица за кој треба да се прави екпропријација, треба детална анализа, план. Се уште е на почетна фаза за тоа што треба да се прави таму. Ние стоиме на тоа дека тој проект ќе биде само што има многу работи да се завршат на терен – велат за А1он од фирмата на Субрата Рој.

Имајќи во предвид дека црковното земјиште во Љубаништа и во Св. Наум е големо, прашање е дали ќе може комплексот да се изгради како што беше замислен и како што беше претставен во јавноста.

Сомнително е зошто државата сака да го одземе земјиштето во сопственост на Црквата кога индискиот бизнисмен не сака да го чепка. Власта има фрлено око на црковното земјиште, за кое црквата влезе во судска постапка против државата за да го зачува. Од ВМРО – ДПМНЕ преку соопштение до медиумите рекоа дека на тој дел ќе никне луксузен комплекс, за кој како инвеститор долго време го претставуваа Субрата Рој, но сега тврдат дека може да биде и друг?!

Проектот не е смислен само за него, туку за секој кој има интерес да инвестира во развојот на туризмот во Охрид, што треба да донесе отворање на нови работни места, како и повеќе странски туристи кои ќе придонесат во локалниот и поширокиот економски развој. Земјиштето на кое ќе се градат овие зони ќе биде екпроприрано во согласност со законот, како што се прави во секоја демократска земја кога се работи за интерес на граѓаните – рекоа од ВМРО – ДПМНЕ.

Владата на неколку пати сензационално го пречека индискиот бизнисмен Субрата Рој најавувајќи го како огромен инвеститор кој ќе изгради луксузен хотелски комплекс во Охрид. Откако тој беше уапсен во Индија, властите тврдеа дека неговата фирма во Македонија продолжува да работи и дека токму тој ќе го изгради комплексот иако се соочуваше со проблеми во неговата земја. Во последно време како да омекнаа тврдите ставови на владејачката партија околу тој дел кај Љубаништа и Св. Наум па сега можно било да се појави и друг инвеститор, судејќи по досегашниот тек, најверојатно пред некои од наредните избори.

Од друга страна, во Љубаништа има приватни сопственици на земјиште кои не сакаат да го дадат по нереална цена. Со процес на експропријација и тие би останале во ситуација да мора да го препуштат своето земјиште на државата, не по своја волја, за малку пари.

Сето ова ја поткопува дилемата во јавноста околу изградбата на таков луксузен хотел. Која е крајната цела со одземањето на црковното земјиште од страна на државата, иако Црквата не сака да го даде? Дали е ова прилика некој за малку пари да се добере до скапото земјиште од позиција на власт, а во име на некој си инвеститор?

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски