За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи

Од:

За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај акредитирани се вкупно 1999 набљудувачи, преведувачи и странски новинари. Најмногу акредитирани се домашни набљудувачи – 1078. Изборите ќе ги следат и 770 странски набљудувачи за чии потреби се ангажирани и 85 преведувачи. За известување од изборите, според податоците на Државната изборна комисија, акредитирани се 66 странски новинари.

Најмногу домашни набљудувачи акредитирало Здружението за развој на општествено – социјални иновации „ВАКЕ УП“ Скопје – 752, потоа Фондација Ромите за демократија – 151, Цивил – 82, Центарот за безбедносни истражувања – 46, Институтот за меѓународни односи и стратегии Охрид – 20, Националниот ромски центар Куманово – 14, Здружението за промоција и развој инклузива Куманово – 12 и Македонскиот центар за културен развој – еден набљудувач.

Специјалната мисија за проценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР има акредитирано 410 набљудувачи, 14 експерти и 31 преведувач, најмногу од странските набљудувачи. Парламентарното собрание на ОБСЕ (OSCE PA) има акредитирано 138 набљудувачи, Амбасадата на Соединетите американски држави во Скопје – 68 набљудувачи и 33 преведувачи, Парламентарното собрание на Советот на Европа – ад хок комисијата за набљудување на претседателските избори во Република Северна Македонија – 33 набљудувачи и 20 преведувачи, Иницијативата за дијалог и демократија Силба 30, Централната изборна комисија – Република Косово – 13, Европскиот парламент – 12 и други.

За информирање од изборите се акредитирани и 66 новинари и медиумски работници од најголемите балкански и регионални медиуми, но и од Ројтерс, Асошиејтед прес, Ал Џезира, Франс прес…

Првиот круг од претседателските избори на 24 април го набљудуваа 1601 набљудувач односно 915 домашни и 544 странски набљудувачи, како и 84 преведувачи и 58 странски новинари.

Би можело да ве интересира

Реакција на членови на ДИК: Неприфатливо е мешањето на политички партии и поединци од техничката Влада во изборните процедури

Катерина Ѓуровски

ВЛЕН: ДУИ е во паника, изјавите им се притисок врз Управниот суд

Управен суд одлучува за седумте тужби на Европскиот фронт

Катерина Ѓуровски

Османи им се пожалил на странските амбасадори за „произволни одлуки на ДИК со кои се краде изборната волја“

„Вреди“: ДИК за ИЕ6 отвори седум гласачки кутии, во четири се констатирани неправилности, ДУИ нема капацитет за спроведување избори

ДИК го поништи гласањето на три избирачки места по приговори на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски