А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

За една недела регистрирани нови 1.869 лица со симптоми на грип

by А1он07/02/2013 - 13:21230
Share0

Нови 1.869 лица со симптоми на грип се пријавени во периодот од 28 јануари до 3 февруари или во текот на петтата недела од неговата појава, што претставува мало зголемување од 9 проценти, во однос на бројот на заболени во претходната недела, покажуваат последните податоци од Институтот за јавно здравје за состојба со грип во државата.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што соопшти денеска Министерството за здравство, од почетокот на сезоната на грип до сега се пријавени 5.343 лица со симптоми на грип.

Најголем број од заболените се од Скопје-1.079 лица, од Струмица-730, од Гостивар-661, Тетово-619 и помал број во останатите градови, додека во Берово и Виница немаат пријавено случај со грип.

Исто така, минатата недела лабораториски биле тестирани вкупно 26 примероци од заболени лица сомнителни на грип, од кои 15 се позитивни на инфлуенца тип А (14 со А Х1Н1 и еден е нетипизиран),  а два примероци биле позитивни на инфлуенца тип Б.

Следете a1on на Youtube YouTube

Општ впечаток е дека доминира типот на грип А Х1Н1, слично како и во најголем дел од останатите земји во Европскиот регион. И понатаму се регистрира пораст на активноста на вирусот на грип и по интензитет и по распростанетост, односно продолжува да расте бројот на заболени со симптоми на  грип. Се предвидува порастот на активноста на вирусот на грип да трае и во наредните две до три недели.

Во моментов на Инфективната клиника има тројца пациенти (на возраст од 36 до 56 години) со потешка клиничка слика, кои се лекуваат на одделението за интензивна нега и се во групата пациенти со ризик или со претходни хронични заболувања. с

gripzdravstvo

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ01/10/2026 - 14:3301/10/2026 - 15:13

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

Предраг Петровиќ30/09/2026 - 14:07

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски14/09/2026 - 11:3714/09/2026 - 13:24

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски19/07/2026 - 12:2919/07/2026 - 13:07

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Горан Наумовски11/06/2026 - 09:13

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем

Горан Наумовски30/05/2026 - 15:25
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео