За една година во Тетово откриени 59 технички неисправни возила за превоз на патници

Од:

Во период од ноември 2020 година досега СВР Тетово на поширокото тетовско подрачје има вкупно поднесено санкции за 59 технички неисправни возила кои вршеле превоз на патници. Најмногу мерки (12) биле изречени во текот на овој месец, потоа девет санкции во март, седум во мај и така натаму.

Според евиденцијата на полицијата, најчеста неисправност констатирана кај санкционираните возила биле неисправни сопирачки, како и неисправни уреди за управување, додека кај неколку од нив недостигала и потребната опрема што требале да ја поседуваат.

– Секторот за внатрешни работи Тетово во континуитет врши контроли на возилата кои вршат јавен превоз на патници, пред сé, на автобуси и комбиња кои секојдневно или транзитно сообраќаат на подрачјето. Упатуваме апел до возачите на автобуси и комбиња редовно да ја проверуваат техничката исправност, со што ќе придонесат за сопствената и за безбедноста на патниците кои ги превезуваат и за што се најодговорни. Истото се однесува и на фирмите-превозници, чија законска обврска е да обезбедат максимални услови за нормално и безбедно превезување на патниците, без разлика дали организираат локални, национални или меѓународни дестинации, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Законски предвидените поднесоци и парични глоби согласно Законот за возила за физички лица изнесуваат 400 евра во денарска противвредност, a за правните лица 2000 евра во денарска противвредност и дополнително 500 евра за одговорното лице.

Би можело да ве интересира

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он