За еден ден полицијата казни 160 ученици во сообраќајот

Од:

СВР Скопје во текот на вчерашниот ден спроведе зајакната сообраќајна контрола при што сообраќајната полиција санкционираше 160 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот.

Кај седум возачи е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, осум лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, а без возачка дозвола управувале седум возачи. Четири лица била казнети бидејќи поминале на црвено светло, 43 возачи  управувале возила со над дозволената брзина, 17 возачи  управувале возило со над 90 км на час во населено место, а кај еден возач било констатирано дека непрописно престигнувал. Покрај ова казнети се и тројца возачи за неотстапување на првенство на минување, 12 возачи за некористење сигурносен појаси и зборување на мобилен телефон.

Во текот на вчерашниот ден во рамки на контролата казнети се и четворица пешаци кои не ги почитувале сообраќајните знаци и прописи. Со пајак службата се подигнати вкупно 63 возила, а во голема мера причина за истото било попречувањето на нормалното движење и одвивање на сообраќајот, додека пак пет од возилата биле паркирани на автобуска постојка, зона за паркирање, крстосница или пешачки премин.

Покрај ова евидентирано е дека во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје се случиле 10 сообраќајни незгоди во една од кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, во шест сообраќајни незгоди осум лица се здобиле со телесни повреди, а во три сообраќајни незгоди има причинето само материјална штета.

Од МВР најавуваат дека и натаму ќе продолжат со зајакнати сообраќајни контроли по однос на прекршоци кои доведуваат до сообраќајни незгоди и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се намалат сообраќајните несреќи.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски