За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Од:

Вработените во образованието ќе го добијат покачувањето на мартовската плата, кое е дел од колективниот договор, исто како што ќе го добијат и вработените во здравството и сите од државната и јавната администрација, кои се со колективни договори потпишани од оваа Влада. Тоа го истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање за тоа колку ќе се зголеми платата во образованието со мартовската исплата во април.

Тој посочи дека во вторникот на владина седница поминал и предлог-колективниот договор, кој државните институции ќе треба да го потпишуваат со вработените во администрацијата, со што вработените за две години би имале за 40 проценти повисока плата од она што го имаат денес.

– Вклучително ќе почне и процесот бидејќи веќе помина текстот на предлог-колективниот договор, кој државните институции ќе го потпишуваат со вработените во администрацијата, а кој беше претходно договорен и усогласен со двата синдиката, УПОЗ и САДУ. Помина во вторникот на седница на Владата, има некои детали што ќе треба да се доиспеглаат оваа недела, денес, утре, задутре и очекувам веќе од понеделник и потпишувањето да се заврши и веќе во април да добијат плата во согласност со новата пресметка. Таа плата би била повисока за линеарното нивелирање на сите вработени во јавниот сектор, зголемена за 8 %. Така ќе биде во април 2027, така ќе биде во април 2028 Значи дека за некаде две години од денеска вработените ќе имаат повисоки примања за 40-ина проценти од она што го имаат денес. Овој договор преставува прв од таков вид што некогаш некоја влада го потпишала со овие вработени – рече Мицкоски.

Тој истакна дека малку се проширил списокот и оти тука влегле и од обвинителската и од судската служба.

– Некаде 10-ина илјади луѓе се опфатени и со тоа ние 99 % ги регулираме нашите односи со нашите колеги, каде што државата е работодавач. Нешто што досега никој не го направил – нагласи премиерот.

Претседателот на Владата потсети дека еден од првите колективни договори што оваа Влада ги потпишала бил токму со синдикатите во образованието.

– Тоа беше приоритет на оваа Влада да најде решение за еден процес кој е многу важен, а тоа е процесот на зголемување на платите на образовните работници. Се потпиша договор, кој завршува во 2028 година. Бидејќи ние не сакавме да преземаме обврски што го надминуваат времетраењето на мандатот на оваа Влада во услови кога би имале редовни избори – додаде Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер