За два дена 17 сообраќајки во Скопје, 15 повредени

Од:

Во текот на изминатите два дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 17 сообраќајни незгоди.

На 1 декември, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно осум сообраќајни незгоди. Од нив, пет се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, еден сопатник и еден патник во автобус.

Вчера, извршен е увид на вкупно девет незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, шест сопатници и двајца пешаци.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај денеска ќе одржи сообраќајна поука со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци. Ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Војдан Чернодрински“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Карпош.

Во текот на денот во официјална посета на Република Македонија ќе пристигне претседателот на Собранието на Република Чешка. За време на движењето на колоната возила под придружба кон градот Скопје, како и по сообраќајниците низ градот ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај што подразбира апсолутен приоритет на минување низ сите сообраќајници поради што од сообраќајната полиција апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе им бидат давани од страна на полициските службеници, да бидат трпеливи, а веднаш по поминување на колоната возила под придружба од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки за целосно нормализирање на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава