За директорката е успех што системот на Фондот за здравство не беше во функција „само“ две недели

Од:

Директорката на Фондот за здравствено осигурување, Магдалена Филиповска-Грашковска во своето прво појавување во јавноста две недели откако се случи хакерски напад на системот во ФЗОМ, рече дека тоа што системот не бил во функција само 14 дена, било знак за успешност.

– На 6 февруари е забележан проблем во ФЗОМ и веднаш се исклучени системите. Кога се утврди дека се работи за сајбер напад, сите ИТ-експерти почнаа да работат деноноќно за да се вратат сите системи. Граѓаните да бидат спокојни и немаше одлевање на податоци. Нивните податоци се заштитени и безбедни. Исплатени се платите на здравствените работници. Успеавме да го надминеме проблемот за само две недели што е знак за успешност – рече Филиповска-Грашковска.

Во моментов Фондот работи на внесување на останатите информации. Отворена е истрага за нападот, а откако ќе направи внесување на некои податоци, ќе се изврши миграција на клауд за да има дополнителна заштита на системот.

Таа информираше дека вториот директор на Фондот, Фатон Ахмети користи годишен одмор со решение уште пред да се случи инциднетот и тој е информиран за процесите.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: УМС му подготви пакетче на директорот на ФЗОМ, топка, сет кофички и лопатки за да си заигра на убавите песочни плажи на Атлантикот

За Ковачевски, директорката на ФЗО била добар избор затоа што решила хакерски напад за само 14 дена

Орце Костов

Здравствените работници јануарската плата ќе ја добиваат постепено во следните 48 часа

Катерина Ѓуровски

Почнува исплатата на боледувањата, породилните отсуства, системот на Фондот профункционира

Ковачевски: Тимови од повеќе институции работат со странски експерти за решавање на хакерскиот напад во Фондот за здравство

Катерина Ѓуровски

Системите на Фондот за здравство во наредните денови ќе се враќаат во функција

Ана Ололовска