За четири дена 257 казни за брзо возење на автопатот Велес-Куманово, некои шофери „летале“ со 200 километри на час

Од:

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на 2, 3, 4 и 5 февруари спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возењето со поголема брзина од дозволената на автопатот Куманово-Велес и обиколницата околу Скопје, соопшти МВР.

Притоа, санкционирани се 257 прекршоци. Пет возила се движеле со брзина од над 70 километри на час над дозволената, а 45 возила со 50 до 70 километри на час над дозволеното, се вели во полициското соопштение.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта,“ велат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози