За четири дена 19 починати, 187 новозаразени и 1136 лица во изолација поради коронавирусот

Од:

Последните четири дена расте бројот и на заболени и на починати и на луѓе ставени во изолација поради коронавирусот. Од петокот, кога скокна бројката на новозаболени, почна нагло да расте и бројката на лица ставени во изолација, а денес со седуммина починати е регистрирана најголема бројка на смртни случаи поврзани со Ковид – 19 во земјава.

Поради контакти со заболени од денес во изолација се техничкиот премиер Оливер Спасовски, министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски, вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, градоначалникот на Чаир Висар Ганиу, градоначалникот на Бутел Велимир Смилевски, директорот на Финансиска полиција Арафат Муареми, директорот на Службен весник Мартин Костовски и Марјан Забрчанец, советник за односи со јавноста во Владата. Тие се само дел од 238 – те лица кои од денес се во изолација или самоизолација.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи од петокот до денес вкупно 1136 лица се изолирани. Од нив 909 се со решенија за изолација, а 227 лица потпишале изјави за самоизолација.

Скопје е на врвот на листата и по број на заболени, има 298 активни заболени и по бројот на лица со решенија во изолација – 618

Најмногу лица кои во моментов се во изолација со решенија има во Скопје, вкупно 618, според податоците на Центарот за управување со кризи, а следуваат Штип со 228 лица со активни решенија за изолација, Тетово со 222 лица во изолација и Куманово со 122 лица во изолација.

Од почетокот на кризата решенија за изолација се издадени на 7926 граѓани од кои само последните четири дена се издадени 909. Со изјави во самоизолација, пак, биле вкупно 10646, од кои последните четири дена 227 лица се самоизолирале.

Генералниот став на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев е дека е дека се почитуваат мерките за изолација и самоизолација. Од петокот до денес евидентирани се едно прекршување на изолација и две на самоизолација.

Скопје е на врвот на листата и по број на активни заболени од коронавирус со 298 заболени лица, а следуваат Тетово со 83 случаи, Штип со 68, Куманово со 55, Прилеп 30 и Велес со 27 активни случаи на заболени од коронавирус.

Вкупната бројка на заболени од почетокот на кризата изнесува 2315 од кои 1569 оздравеле.

Министерот за здравство Венко Филипче  покрај големите бројки вели дека заразата е под контрола.

„Очигледно е дека и покрај високите бројки нема пациенти кои се јавуваат во болници. Поголем дел се со лесна клиничка слика, добар дел се асимптоматски носители“, рече министерот Филипче.

Зголемените бројки тој најави дека може да доведат до воведување карантин во текот на неделава во Гази Баба, Чаир, Сарај и делови од Штип или полициски час во одредени региони или делови од градовите. Ќе ги анализираат бројките во следните денови за до крајот на неделата да донесат одлука.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: Во следните четири години излез на домашните компании на европскиот пазар од 500 милиони луѓе

Горан Наумовски

Спасовски: Нема да дозволиме враќање во минатото кога шепотевме, се бориме за правда за сите!

Орце Костов

Спасовски од Куманово: Надминати кризите, енергетските компании во раце на граѓаните

Спасовски: Време е за подобро и повеќе – во следниве четири години минимална плата од 600 евра, просечна од рекордни 1.100 евра

Спасовски со младите од Куманово: Пендаровски е единствен кандидат кој го застапува европскиот концепт

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари

Предраг Петровиќ