За брзо возење во Тетово 31 санкција, мотоциклист возел со 160 километри на час

Од:

Во рамки на вчерашната акција за контрола на брзината полицијата во Тетово со помош на радар открила и санкционирала мотоциклист кој возел 160 километри на час. За два часа изречени се 31 санкција.

-Меѓу санкционираните е и мотоциклист кој по оваа улица се движел со 160 километри на час, како и патнички моторни возила чија брзина била над 130 километри на час. На сите прекршители изготвени им се соодветни платни налози, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово

Тетовската полициска станица за безбедност на патниот сообраќај вчеравечер од 22 до 24 часот, со користење на т.н. „ноќен радар“, ја спровела засилената контролна активноста за санкционирање на возење со недозволена брзина.

-Контролата е извршена на улицата „Маршал Тито“ во Тетово, на потегот од Монопол кон приклучокот на автопат, во која вкупно биле откриени и санкционирани 31 пречекорувањe на максимално дозволената брзина. Од нив, 10 пречекорувања биле за над 50 километри на час, а 21 од 30 до 50 километри на час, рече Јосифоски.

Санкционирани се и девет други видови прекршоци, меѓу кои четири лица кои ги управувале возилата без возачки дозволи.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ