За брзо возење вчера во Скопје казнети 47 возачи

Од:

На територијата на Скопје вчера од полицијата биле изречени 141 казна, меѓу кои 47 за возење со брзина поголема од дозволената.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека 17 санкции биле за возење без возачка дозвола, девет за возење под дејство на алкохол, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест прекршоци за возачи на мотоцикл, четири санкции за минување на црвено светло.

МВР информира дека ќе ги продолжи засилените контроли и во наредните денови и апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста на патиштата.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава