За брзо возење вчера санкционирани 382 возачи

Од:

Министерството за внатрешни работи вчера, во акциска контрола на територијата на целата држава, санкционира 382 возачи што се движеле со брзина поголема од дозволената.

Како што информира МВР, од нив 20 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а еден со дури над 70 километри на час. Притоа, 193 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 189 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат засилените акциски контроли и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, за како што велат, заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава