За брзо возење санкционирани 290 возачи

Од:

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе зајакната акциска контрола на територијата на целата држава за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се казнети 290 возачи.

Како што информира МВР, 18 од нив се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а еден со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 152 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 128 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат засилените акциски контроли и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, какао што велат, заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава