За брзо возење 249 санкции на територијата на цела држава

Од:

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 249 возачи.

– Од нив, 11 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 134 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 115 надвор од населено место, информриаа денеска од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава