За брзо возење 148 санкции на територијата на цела држава

Од:

Казнети се 148 возачи во текот на вчерашниот ден во рамки на спроведената зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

Од нив, седум возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Како што соопштија од МВР, 62 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 86 надвор од населено место.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава