Охридска Ривиера на продажба за 3,5 милиони евра

Од:

Охридскиот хотел Ривиера се продава. Од Комерцијална банка каде што хотелот е под хипотека за А1 потврдија дека го продаваат за 3,5 милиони евра.

„Хотелот кој сега е сопственост на Комерцијална банка и истиот се објавува за продажба по цена од 211.882.501,00 денари (без вклучен ДДВ, данок на промет и други трошоци за продажба).

Хотелот е стекнат во сопственост на Банката во постапка на реализација на хипотека заради наплата на побарувања на Банката“, изјавија од Дирекција за управување и информирање на Комерцијална банка АД Скопје.

Инаку Ривиера, веќе неколку месеци не работи. Овој хотелски капацитет сместен на најатрактивна локација покрај самиот брег на Охридското езеро во центарот на Охрид, денес е целосно запуштен. Туристите поминувајки само погледнуваат кон него потсетувајки на времето кога во Ривиера се бараше место повеќе. Сега наместо туристи, во дворот на хотелот се сместени бездомници.

Од општина Охрид велат дека за просторот каде што се наоѓа Ривиера се води постапка за измена и дополнување на урбанистичкиот план.

„Во тек е постапка околу тоа. Има еден урбанистички план во онаа постоечка состојба, но во фаза е изработка на нов урбанистички план кој моментално е во нацрт верзија и треба да продолжи понатамошната постапка. На истата локација е предвидена изградба на хотел. Тој што ќе ја купи Ривиера, какви планови ќе има и со какви идеи ќе излезе ќе видиме понатаму“, изјави Бранко Арнаудов раководител на секторот за урбанизам во општина Охрид.

Низ Охрид кружат информации дека за Ривиера била заинтересирана турска фирма, и оти може да се случи новиот сопственик кој и да е да го урне постоечкиот хотел и на негово место да изгради елитен хотелски капацитет.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство