За 24 часа во Скопје четири сообраќајки

Од:

Сообраќајната полиција вчера на подрачјето на Град Скопје изврши увид на вкупно четири сообраќајни незгоди, кои се со последица материјална штета.

Вчера од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 22 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, тројца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, тројца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, пет возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, како и пет пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 73 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Јан Амос Коменски“, кое се наоѓа на подрачјето на општина Карпош со учениците од четврто одделение.

Денеска со почеток во 17 часот и 45 минути во СЦ „Јане Сандански“ во рамките на СЕХА лигата ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу РК Вардар и Загреб, Хрватска. Со цел безбедно и уредно одвивање на натпреварот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, физичко регулирање, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава