За 24 часа во Скопје 20 сообраќајки и осум повредени

Од:

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 20 сообраќајни незгоди.

Од нив, 11 се со последица материјална штета и осум се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле пет возачи на патничко моторно возило, еден возач на товарно моторно возило, двајца сопатници, еден пешак и еден велосипедист.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во 16 часот и 40 минути на ул. „Благоја Стевковски“ во која учествувале патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и пешак, граѓанин на Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот.

Вчера од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се пет возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, тројца возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, како и двајца возачи кои поминале на црвено светло на семафор.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 70 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска со почеток во 10 часот поранешните вработени во ОХИС ќе одржат мирен протест пред зградата на Владата на Република Македонија. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози