За 24 часа издадени потврди за намера за признавање право на азил на 741 странски државјанин

Од:

Во периодот од 08,00 часот на 23.08.2015 до 08,00 часот денеска издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 741 странски државјани, соопшти денеска МВР.

Од вкупниот број 548 се од машки пол, 78 се од женски, 75 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 40 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, се појаснува во соопштението, најбројни се државјаните на Сирија 2.791, од Ирак 121, Пакистан 103, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 24.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 44.762странски државјани, од кои 30.884 се од машки пол, 6.167 се од женски, 7.020се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 691 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди,  стои во соопштението од МВР, најбројни се државјаните на Сирија 36.400, потоа од Авганистан 2.107, Ирак 2.069, Пакистан 1.309, од Сомалија се 564, Палестина 561, Бангладеж 321, Конго 305, Нигерија 160, Камерун 146, Еритреја 142,Етиопија 109, додека останатите се во помал број.

Како што соопшти МВР, во периодот од 08,00 часот на 21.08.2015 до 24.08.2015 година во 08,00 часот до Одделението  за азил не се поднесени  барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 24.08.2015 година до Одделението  за азил се поднесени 49 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда. Како што стои во соопштението од МВР, 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 23.08.2015 година евидентирани се вкупно 13 баратели на азил, од кои 8 баратели на азил се мажи (од кои 1 барател на азил е повреден), 2 барател на азил се жени ( од кои 1 барателка на азил е хоспитализирана поради браменост),  3 баратели на азил се малолетни лица.

Oд присутните баратели на азил во ЈУ Прифатниот центар, не се регистрирани баратели на азил  малолетни лица без придружба на старател.

Би можело да ве интересира

Кривична за екс директорот на затворот во Струмица: Пуштал да се шетаат затвореници кои немале право на привилегии, манипулирал со документацијата

МВР бара помош од граѓаните: Кој има информација за Марк Јорис веднаш да не алармира

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ

МВР уапси двајца крадци кои краделе домашни животни

Пуштиле осуденик на слобода зошто немало место во затвор, кривична за тројца битолски полицајци

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: Бројни советници по кабинети, масовна партизација на грбот на граѓаните и во МВР

Горан Наумовски