За 24 часа издадени нови потврди за 1.738 странски државјани

Од:

Изминатите 24 часа, МВР на вкупно 1.738 странски државјани им издаде потврда  за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Од нив 1.118 се од машки пол, 218 од женски, 315 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 87 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-903, Авганистан – 452, Ирак-246, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19 јуни до 26 септември годинава во 8 часот, издадени се потврди на вкупно 98.602 странски државјани, од кои 65.461 се од машки пол, 13.325 од женски, 16.633 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 3.149 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-75.016, Авганистан-10.289, Ирак-5.949, Пакистан-2.674, Палестина-1.076, Сомалија-628, Бангладеж-609, Иран-569, Конго-368, Нигерија-221, Камерун-178, Еритреја-163, Етиопија-126, Судан-113, додека останатите се во помал број.

Изминатите 24 часа до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од почетокот на издавањето на потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени 50 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда. Притоа 37 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, три барања се од државјани од Пакистан и Авганистан, од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина