За 24 часа издадени 932 потврди на мигранти

Од:

Изминатите 24 часа издадени се потврди на вкупно 932 странски државјани, од кои 542 се од машки пол, 144  се од женски, 199 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 47 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан–518, на Сирија-246, на Ирак-23, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19 јуни годинава до ноќеска на полноќ издадени се потврди на вкупно 215.275 странски државјани, од кои, 130.157 се од машки пол, 31.662 се од женски, 42.835 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 10.621 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-137.252, потоа Авганистан-45.969, Ирак-16.333, Пакистан-4.583, Иран-3.834, Палестина-1.758, Сомалија-1.082, Бангладеш-1.019, Конго-504, Мароко-307, Алжир-285, Нигерија-265, Либан-255,  додека останатите се во помал број.

Во периодот од 00:00 до 24:00 часот на 5-ти ноември Одделението  за азил не се поднесени  барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 5-ти овој месец до Одделението  за азил се поднесени 70 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил вчера евидентирани се вкупно 3 баратели на азил,  сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 3 баратели на азил (малолетно лице  со придружба на старател и двајца мажи)  се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Мобилните тимови на Црвен крст информираат дека на 4-ти и 5-ти пвој месец  во Табановце укажана е прва помош на 28 лица, а дистрибуирана е 114 литри вода, пет пакети храна, 31 чоколадно млеко, шест пакети прва помош, 41 ќебе, пет пелени за бебе.

Во гевгелија укажана е прва помош на 491 лице, 39 ќебиња, пет пакети хигиена и 51 литри вода.

Би можело да ве интересира

Грција ќе ги суспендира барањата за азил од луѓе што доаѓаат од Северна Африка за три месеци

Трамп нареди проширување на мерките за притвор и депортација на мигрантите

Германската влада ги затвора вратите за мигрантите

Голема пресметка на банди во близина на Сараево, шестмина се повредени

Горан Наумовски

Нелегалните мигранти пукаа врз полицијата во близина на Шид, еден мигрант е убиен

Горан Наумовски

Пронајдени двајца мртви мажи во Суботица, истражителите се сомневаат дека се работи за пресметка