Потврди за барање за азил вчера им биле издадени на 4.840 странски државјани. Преку Македонија од 19 јуни до 20 ноември оваа година поминале 265.846 мигранти, соопшти од МВР.
Состојбата на границата, според МВР, е редовна и на северната и на јужната граница.
На Граничниот премин Табановце нема задржување, а во Прифатниот транзитен центар регистрацијата се одвива редовно. Од грчка страна има околу 700 лица на кои не им е дозволен влез, а останатите мигранти се примаат во согласност со процедурите.
Барања за азил вчера им биле издадени на 2.413 лица од машки пол, 872 од женски, 1.169 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 386 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-2.237, Авганистан–1.839, Ирак-764, додека другите се во помал број.
Од почетокот на издавање на барање за азил досега поминале 156.025 мигранти од машки пол, 40.629 се од женски, 55.210 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 13.982 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-162.372, потоа Авганистан-59.578, Ирак-22.466, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.311, Конго-514, Либан-434, Алжир-452, Нигерија-275, додека останатите се во помал број.