Изминатите 24 часа издадени се потврди на вкупно 2.195 странски државјани, од кои 1.020 се од машки пол, 454 се од женски, 607 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 114 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Како што соопшти МВР, според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан–984, Сирија-629 и од Ирак-582.
Во периодот од 19 јуни до 30 ноември годинава издадени се потврди на вкупно 294.928 странски државјани, од кои, 169.848 се од машки пол, 46.270 се од женски, 63.076 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 15.734 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-174.814, на Авганистан-70.893, Ирак-27.783, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.314, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 00:00 до 24:00 часот вчера до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до вчера до Секторот за азил се поднесени 80 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 53 барања се од државјани на Сирија, од нив 17 за деца, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил вчера евидентирани се вкупно 24 баратели на азил од кои 13 баратели на азил се мажи, две барателки на азил се жени, осум баратели на азил се малолетни лица со придружба на старател и еден барател на азил е малолетник без придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, 4 баратели на азил (две малолетни лица со придружба на старател и двајца мажи) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.
Мобилните тимови на Црвениот крст изминатите 24 часа на Табановце укажале прва помош на 92 лица, поделиле 42 литри вода, 11 пакети со храна и 28 ќебиња.
Во Гевгелија укажана е прва помош на 146 лица, поделени се 520 литри вода, 13 пакети со храна, 10 пакети со хигиена, 637 ќебиња, 38 сетови за бебиња, а поделени се и 490 супи 490 и 760 чаеви.