За 24 часа издадени 1.817 потврди на мигранти

Од:

Во текот на вчерашниот ден на 1.817 странски државјани издадени им се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопшти МВР.

Од нив, 670 од машки и 390 од женски пол, а издадени се потврди и на 756 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и едно дете кои патувале без родител.

Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на 826 државјани на Сирија, потоа на 641 државјани на Авганистан и на 350 државјани на Ирак.

Од почетокот на годината до вчера, издадени  се потврди на вкупно 74.690 странски државјани, од кои 30.148 се од машки пол, 16.177 се од женски и 28.220 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 145  деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 36.003, Авганистан 23.565 и Ирак 15.119. 

Во текот на вчерашниот ден до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од 1 јануари оваа година до вчера до Секторот за азил барањеза признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил вчера евидентирани се вкупно 22 баратели на азил од кои 18 мажи, две жени и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, еден маж , една жена, пет малолетни деца со придружба на старател, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Грција ќе ги суспендира барањата за азил од луѓе што доаѓаат од Северна Африка за три месеци

Трамп нареди проширување на мерките за притвор и депортација на мигрантите

Германската влада ги затвора вратите за мигрантите

Голема пресметка на банди во близина на Сараево, шестмина се повредени

Горан Наумовски

Нелегалните мигранти пукаа врз полицијата во близина на Шид, еден мигрант е убиен

Горан Наумовски

Пронајдени двајца мртви мажи во Суботица, истражителите се сомневаат дека се работи за пресметка