За 24 часа издаден 2.022 пртврди на мигранти

Од:

Во изминатите 24 часа издадени се  вкупно 2.022 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на азил на мигранти кои транзитираат низ Македонија. Од нив, 1.215 се од машки пол, 268 се од женски, 486 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 53 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан 1.190, Сирија 616, Ирак 123, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19 јуни до утрово до 8 часот, издадени се потврди на вкупно 96.864 странски државјани, од кои, 64.343 се од машки пол, 13.107 се од женски, 16.318 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 3.096 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 74.113, потоа Авганистан 9.837, Ирак 5.703, Пакистан 2.617 Палестина 1.047, Сомалија 628, Бангладеж 609, Иран-546, Конго 368, Нигерија 221, Камерун 169, Еритреја 163, Етиопија 126, Судан 111, додека останатите се во помал број.

Во изминатото деноноќие до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени 50 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 37 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил, вчера се евидентирани пет баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита две малолетни лица без придружба на старател и еден маж се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за членка на Судски совет, 15 пати зела парти за превоз, а ќерка и имала стан во Скопје

Катерина Ѓуровски

МВР: Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ, со што сè треба да се подготват патниците

Горан Наумовски

Пијаните возачи ќе одговараат кривично, заострување на казните

Ги нападнале овчарски кучиња, се качиле на столб за мобилна телефонија – спасени белгиски планинари во Ценар Жупа

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Еднојазичните униформи не се само облека

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори