За 24 часа 1.911 мигранти добиле потврди за барање азил

Од:

Од вчера во осум до денеска до осум часот на 1.911 странски државјани им се издадени потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил. Од нив 1.255 се од машки пол, 215 се од женски, 315 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 126 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврдите, најбројни се државјаните на   Сирија 1.198, од Авганистан 347, од Ирак 231, додека другите се во помал број.

Досега од 19 јуни годинава издадени се потврди на 106.918 странски државјани, од нив 70.898 се од машки пол, 14.309 се од женски, 18.025 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 3.686 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 80.215, од Авганистан 11.825, од Ирак 7.070, од Пакистан 2.817, од Палестина 1.155, од Сомалија 670, од Бангладеж 649, од Иран 660, од Конго 371, од Нигерија 222, од Камерун 178,  од Еритреја 163, од Етиопија 126, од Судан 118, додека останатите се во помал број.

За последните 24 часа до Одделението за азил не се поднесени  барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението  за азил се поднесени 50 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 37 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 29-ти овој месец евидентирани се 5 баратели на азил, сите мажи (еден повреден). Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита две малолетни лица без придружба на старател и еден маж се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

МВР информира дека вчера попладне сириска државјанка роди здраво девојче во гевгелиската болница. Мајката и детето се наоѓаат во добра состојба. Ова е петти случај на породување на мигрантка во Македонија.

Мобилниот тим на Црвениот крст на Табановце во периодот од 17:00 часот на 28 септември до 17:00 часот на 29 септември укажал  прва помош на 133 лица, поделиле 418 шишиња вода, 47 пакети со храна, 27 ќебиња, шест пакети со хигиена, осум пакувања пелени за деца и три кутии бисквити.

Мобилниот тим на Црвениот крст на Гевгелија укажал прва помош на 805 лица, поделил 3.848 шишиња вода, 603 пакети со храна, 310 ќебиња, 20 бебешки пелени, 44 пакети со хигиена и 13 сетови за Прва помош, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Агитирање и летоци – нема посериозни инциденти за изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Поткуп со бонови за бензин, агитирање, закани по телефон за време на предизборниот молк

Катерина Ѓуровски

Одбележан Денот на македонската полиција

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он