• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Вуцис-Мун: Договорот од Преспа ќе донесе мир, стабилност и безбедност во регионот

by А1он04/03/2019 - 15:13309
Share0

Договорот од Преспа беше една од темите за кои разговараа претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис, и претседателката на парламентарното Собрание на НАТО, Медлин Мун, на нивната денешна средба, јави дописничката на МИА од Атина.

Добивај вести на вибер

-Знаете дека нашата земја поради нејзината геополитичка и географска позиција е во центарот на вниманието за многу прашања што се однесуваат на стабилноста и мирот во светот. Да потенцираме дека го поздравивте Договорот од Преспа што е пасош за соработка, мир и стабилност на Балканот, рече Вуцис по средбата со Мун.

-Не секогаш можеме да се согласуваме во политиката, но одлуките што треба да ги носиме се тешки. Како парламентарци, многу добро знаеме дека потребна е особена смелост за да можеш да донесеш конкретни одлуки во политиката и секако ова мораме да го препознаеме. Затоа и сакав да дојдам тука, за да го признаеме фактот дека сите ние, навистина сме импресионирани од начинот на кој грчкиот Парламент управуваше со прашањето за Договорот од Преспа. Станува збор за историски договор, што се надеваме дека ќе донесе повеќе мир, стабилност и безбедност во вашето соседство и секако, во поширокото сојузништво, истакна претседателката на парламентарното Собрание на НАТО.

Мун, заедно со делегации од 14 земји членки на НАТО и делегација од Собранието на Република Северна Македонија предводена од шефот на делегацијата на нашата земја во Парламентарното Собрание на НАТО, Илија Димовски и Катерина Кузмановска, во Атина ќе одржат состаноци на Политичкиот комитет и Комитетот за цивилна димензија на безбедноста. Во рамки на овие активности беше и средбата на претседателката на парламентарното Собрание на НАТО со претседателот на грчкиот Парламент.

-Дојдовме тука со голема делегација од парламентите од 15 земји-членки, 14 се полноправни членови на собранието, а дојде и делегација од Северна Македонија. Дојдовме за да видиме и разбереме кои се одбранбените прашања кои ја засегаат Грција, кои се приоритетите на Грција во оваа област, како можеме да помогнеме и кои се лекциите што треба да ги научиме, порача Мун.

По средбата на Вуцис со Мун и делегациите одржаа заеднички состанок на Политичкиот комитет и Комитетот за цивилна димензија на безбедноста, а како што соопштуваат од грчкиот Парламент, темите што се најдоа на агендата беа: приоритетите на Грција во одбраната и надворешните прашања, бегалската – мигрантската криза во Грција и влијанието врз безбедноста, безбедноста на границите, улогата на Русија на Балканот, улогата и придонесот на НАТО – од аспект на Грција и предизвиците во јужното крило на НАТО – грчките позиции.

На пратениците им се обратиле министерот за одбрана на Грција, Евангелос Апостолакис, министерот за миграциска политика, Димитрис Вицас и заменик министерката за цивилна заштита, Катерина Папакоста.

Од собраниската прес служба, информираа дека шефот на делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното Собрание на НАТО Илија Димовски и Катерина Кузмановска, член на делегацијата, ќе учествуваат на состаноците на Политичкиот комитет и Комитетот за цивилна димензија на безбедноста, кои од денеска до среда се одржуваат во Атина.

Предвидена е и посета на два бегалски кампови близу Атина, одржување посебна сесија со генералниот директор на Грчката фондација за европска и надворешна политика ЕЛИАМЕП, на која ќе се дискутира за: безбедноста во Источниот Медитеран, безбедноста и стабилноста на Балканот и Русија и регионалната безбедност.

dogovor prespagrcijaseverna makedonija

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето во Грција однесе две жртви

Катерина Ѓуровски22/01/2026 - 09:35

Снежна бура во Грција, училиштата затворени во неколку региони

Горан Наумовски21/01/2026 - 22:19

Снег падна во Грција – наставата во училиштата прекината, сообраќајот е во хаос

А1он12/01/2026 - 17:52

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Горан Наумовски08/01/2026 - 10:04

Грците ги затвораат патиштата и граничните премини

Горан Наумовски05/01/2026 - 19:27

Воздушниот простор над Грција е целосно затворен

Катерина Ѓуровски04/01/2026 - 13:15
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен