(ВИДЕО) Вучиќ: Прашањето е како излезе Груевски од Македонија, а не како влезе во Србија

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски влегол во Србија со уредни документи, дека во тој момент немало распишана потерница по него и дека српските власти постапиле според законот, отфрлајќи ги тврдењата дека Белград му помогнал да избега во Унгарија.

За оние кои велат дека за случајот со Груевски треба да се прашаат Албанија, Црна Гора и Србија, Вучиќ одговара дека вистинското прашање е како тој излегол од Македонија и дали Македонија тогаш го гонела или не.

Вучиќ, во гостување во емисијата „Кирилица“ на ТВ Хепи детално објасни што точно се случувало со Груевски.

– На 11 ноември, во текот на ноќта, некаде помеѓу еден и два, немаме официјални податоци, лицето Никола Грувески влегува на територијата на Албанија, легитимирајќи се и во придружба на две лица од унгарска националност. Потоа влегува во Црна Гора на преминот Божај, повторно со регуларни документи и со пропусница издадена во унгарската амбасада во Тирана.

Потоа, на 11. 11, влегува во Србија со регуларна лична карта во придружба од истите две лица, а потоа на 12.11. во 05.11 часот ја напушта Србија на преминот Хоргош со пропусница бр. 100.501 издадена во Тирана, со лична карта и во придружба на лица со дипломатски документи и дипломатско возило, наведе Вучиќ.

Српскиот претседател истакна дека во тој момент не постои потерница по Груевски.

– Дури на 13.11 во 19,35 часот од Интерпол Скопје ни е испратена потерница. Значи да го застанавме, тоа би било киднапирање на Груевски од наша страна, рече Вучиќ.

– Се е направено во рамките на законот, додаде Вуциќ

Прашан кога последен пат се слушнал со Груевски, Вучиќ рече дека тоа било за време на нередите во Собранието кога „Груевски од Виена го молел да апелира за смирување на ситуацијата“, а потоа уште еднаш разговарале во врска со Европската народна партија.

Српскиот претседател додаде дека со македонскиот премиер Зоран Заев има нормална комуникација.

Делот за Никола Груевски почнува од 58:30

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Србија отвори фабрика за израелски дронови, најавени уште три низ земјата

(ВИДЕО) Безобѕирно возење на српските патишта – еден се движи со 185, а другиот со 211 километри на час

А1он

Бегалец од Србија уапсен во Виена – пред седум украде голема сума пари, па побегна во Германија

А1он

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Распишани се изборите во Србија на 25 октомври

A1on