Втора измама за биткоини во Куманово за само една недела

Од:

Уште една измама, втор случај за една недела во Куманово со биткоини, евидентира кумановската полиција. Педесет и деветгодишна кумановка пријавила дека била измамена од лице за сума од 88.338 денари, информираше денеска СВР Куманово.

Таа вчера го пријавила случајот во СВР Куманово, а претходно зела брз кредит за да ја добие ветената сума од наводната добивка од биткоините.

– Според пријавеното, лицето и се претставило дека е од „агенција за биткоини“ и ѝ кажало дека на нејзината сметка има биткоини во вредност од 900.000 денари и побарало од неа да му го даде бројот од нејзината трансакциска сметка за да ѝ ги префрли парите. Како што е пријавено, за да може да и ги префрли парите требало да има одредена сума пари на сметката, а откако пријавителката подигнала брз кредит парите и биле повлечени од сметката, но не добила надомест за биткоините, соопшти полицијата.

СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.

Претходно, на 15 ноември, четириесет и петгодишен маж од Куманово пријави дека бил измамен за сума од 200.000 денари, измамникот го информирал дека има 14.500 долари од сметката на биткоини. И тој, како што тогаш соопшти полицијата, зел брз кредит за да ги уплати парите. И нему му се претставило лицето дека е од „агенција за биткоини“, и му кажало дека на неговата сметка има биткоини во вредност од 14.500 долари по што му побарало да му го даде бројот од неговата трансакциска сметка за да му ги префрли доспеаните парични средства. Како што беше пријавено, за да може да му ги префрли парите требало да има 200.000 денари на сметката, а откако пријавувачот подигнал брз кредит парите му биле повлечени од сметката, но не добил надомест за биткоините.

Би можело да ве интересира

Нова измама во Скопје: Лажен лекар од жена зема 30.000 евра

Горан Наумовски

Лажен доктор од скопјанка зема 20.000 евра, полицијата трага по измамникот

Измамници излажале 25 земјоделци, ги оштетиле за повеќе од 140.000 евра

Трансакциите со биткоин генерираат годишни емисии од 98 милиони тони CO2

Измамник излажа скопјанка и ја олесни за 1.800 евра

Измамник продал еден стан на двајца купувачи во ист ден