Втора дезинсекција на територија на Штип

Од:

Општина Штип утре ќе ја реализира втората дезинсекција. Портпаролот на Општината Драган Ристов на денешната прес-конференција информираше дека Општината, преку овластена фирма, на територијата на општината Штип ќе спроведе тереистичка дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 00 до 06 часот наутро, со апаратура за УЛВ ладно запрашување.

– Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, застојни води и подрачја околу каналниот систем на територијата на општината, урбаните населби и локалитети, вели Ристов.

Во случај на неповолни временски услови (ветер, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Пчеларите навремено треба да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Би можело да ве интересира

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски