А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Втор круг од Локалните избори во Македонија

by А1он29/10/2017 - 09:01326
Share0

Во Македонија денеска се одржува вториот круг од шестите локални избори по независноста на земјата. Граѓаните избираат градоначалници во 35 општини, на 1517 избирачки места, каде право на глас имаат 833.710 граѓани.

Добивај вести на вибер

Во скопските општини Бутел, Кисела Вода, Гази Баба, Сарај, Шуто Оризари и Чаир, право на глас имаат 260.194 граѓани, кои ќе гласаат на 387 избирачки места.

Во останатите 29 општини во Македонија во вториот круг можат да гласаат 573.616 граѓани на 1130 избирачки места.

Во вториот круг учествуваат 70 кандидати за градоначалници.

Во Скопје ќе се гласа за градоначалник во Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Чаир, Шуто Оризари и Сарај.

Во Кисела Вода, Гази Баба и Бутел ќе се гласа меѓу кандидатите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, во Чаир и во Сарај меѓу кандидатите на ДУИ и БЕСА, а во Шуто Оризари меѓу кандидатот на СДСМ и кандидатот на Сојузот на Роми.

Од останатите општини втор круг ќе има во Штип, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга, Виница, Демир Капија, Македонска Каменица, Македонски Брод, Кавдарци, Пробиштип, Градско, Јегуновце, Росоман, Старо Нагоричане, Чашка, Могила, Зрновци, Новаци, Брвениа, Чешиново-Обелешево, Боговиње, Врапчиште, Долнени, Желино, Липково, Теарце, Студеничани и Карбинци.

Гласачките места ќе бидат отворени од седум до 19 часот. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.

За вториот круг од Локалните избори во Македонија Државната изборна комисија акредитираше 5101 домашни и 473 странски набљудувачи, како и 20 странски новинари.

Вчера, ден пред изборите, гласаа лицата во казнено-поправните домови, внатрешно раселените, лицата што се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор и немоќните и болните лица кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.

ОИК од гласањето ги пресметува врз основа на записниците со сумираните резултати од избирачките одбори и целокупниот изборен материјал.

Државната изборна комисија првичните резултати од изборите добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

ОИК првичните резултати од изборите за градоначалник ги објавува во рок од седум часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од избирачките одбори и ги истакнува на огласна табла во општината и ги соопштува на јавните гласила.

Првиот круг од изборите се одржа на 15 октомври кога беа избрани членовите на советите во општините, градоначалник на Град Скопје и градоначалници на 45 општини.

Ова се шести локални избори во Македонија по независноста. Првите се одржаа во 1996, а следуваа во 2000, 2005, 2009 и 2013 година.

lokalni izbori

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Предраг Петровиќ30/11/2025 - 22:05

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Предраг Петровиќ02/11/2025 - 19:50

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

Горан Наумовски19/10/2025 - 23:34

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски19/10/2025 - 23:2319/10/2025 - 23:33

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски19/10/2025 - 22:5219/10/2025 - 22:54

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски19/10/2025 - 07:3219/10/2025 - 08:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен