Втор форум на вицепремиерот Бесими со поранешните вицепремиери за европски прашања

Од:

Заменикот претседателот на Владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, денеска по втор пат беше организатор на форум со поранешните вицепремиери задолжени за европски прашања чија цел е преку неформален и отворен пристап да се придонесе кон размена на идеите и искуствата во поглед на реализација на Стратегијата на Република Македонија за пристап во ЕУ и придонесот кон годишниот извештај.

– На средбата беше потенцирано дека евро-атланската интеграција на Република Македонија несомнено претставува врвен стратешки приоритет. Исто така, беше истакнато дека европската интеграција подразбира инклузивен и транспарентен процес на соработка на сите државни институции, политички субјекти и граѓанскиот сектор, се вели во соопштението од Секретаријатот за европски прашања.

Воедно, се посочува дека од Секретаријатот ќе продолжи и во иднина да ги промовира европските вредности во рамки на неговите координирани активности за европска интеграција.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија