Врвни американски доктори во Македонија

Од:

Почна реализацијата на проектот преку кој врвни доктори од САД ќе го пренесуваат нивното знаење и искуство во Македонија. Енди Сандерс, доктор по интерна медицина, во рамки на проектот е првиот кој дојде во Македонија. Се очекува, околу 20 американски специјалисти да дојдат во Македонија во текот на годинава.

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска на прес-конференција во Градската општа болница „8 Септември“, рече дека доктор Сандерс во наредните три месеци ќе биде вклучен во работата најмногу во таа здравствена установа, а ќе биде вклучен и во работата и во подготовките и логистиката на сите останати доктори кои ќе доаѓаат од САД во Македонија.

Тодоров нагласи дека искуството кое докторите од САД ќе го пренесат во Македонија е битно за подигнување на квалитетот на македонскиот здравствен систем. Докторите од САД, посочи тој, ќе бидат вклучени во еден дел и во евалуација на организација и поставеноста на работите во болницата.

– Во наредниот период треба да дојдат поголем број доктори од различни специјалности кои ќе им помагаат на нивните колеги пред се во терцијарната здравствена заштита, значи во клиничкиот блок, но и во останатите клиники и поголеми болници во Македонија. Меѓу докторите ќе биде и еден специјалист од областа на неонатална и перинатална гинекологија и педијатрија, рече Тодоров.

Доктор Сандерс рече дека во САД има повеќе од 70 доктори кои би сакале да ни се приддружат и да дојдат во Македонија. Докторите, истакна тој, кои ќе дојдат нема да бидат тука само да за подучуваат туку да работат рамо до рамо со докторите од Македонија.

– И тие исто така многу работи ќе научат од одличните лекари кои ги има во Македонија. Успешноста на ова Програма не е само преку бројот на американските доктори кои ќе дојдат туку дека докторите кои работат тука ќе можат после година или две да кажат дека навистина се случила една голема промена поради тоа што американските доктори престојувале во Македонија. Успехот на ова програма ќе биде познат кога поради целата оваа соработка животите и здравјето на граѓаните ќе бидат подобрени, додаде Сандерс.

Би можело да ве интересира

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов