(ВИДЕО) Врие во ВМРО-ДПМНЕ: Незадоволни членови упаднаа во општинскиот штаб во Битола

Од:

Големо незадоволство кај постарите членови на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. Тоа кулминараше денеска кога незадоволните членови кои не се најдоа на списокот на привремено вработени во „РЕК Битола“ влегоа во општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Неофицијално, А1 дознава дека е физички нападнат секретарот на извршниот комитет, Игор Хаџиевски, инаку внук на претседателот на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев.

Медиумите околу 18 часот побараа став за случувањата, но портпаролот на општинката организација на ВМРО-ДПМНЕ одговорот го одложи за утре. Денеска беше обелододенет список на нови 250 привремено вработени во „РЕК Битола“ преку агенцијата „Контакт Бизнис-Скопје“.

И овој список како и тој со 628 привремено вработени од пред некој месец исто во РЕК Битола, беа правени во општинските партиски комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Работниците добија реално повисоки плати, приоритет, стабилна економија и раст на платите