Врховниот суд го врати случајот со Модуларната болница на повторно постапување и одлучување

Од:

Советот за казниви дела при Врховниот суд на седницата одржана на ден 22 октомври донел пресуда во предметот КВП2-36/26, во јавноста познат како Модуларна болница Тетово, со која ги уважи барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на осудените, поднесени преку нивните бранители, а пресудата на Основен суд Тетово К-512/24 од 16.05.2025 година и пресудата на Апелациониот суд Гостивар КЖ-211/25 од 26.11.2025 година, ги укина и предметот го врати на првостепениот суд на повторно постапување и одлучување.

Како што соопшти денеска Врховниот суд, воедно, со решение барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на обвинетото правно лице ЈЗУ Клиничка болница Тетово, го отфрли како недозволено.

Во пожарот во Модуларната болница во Тетово загинаа 14 лица.

Би можело да ве интересира

ЈП „Македонијапат“: Поради силен ветер на неколку патни правци паднати дрва и семафор

Мицкоски од Берлин: Македонија активно учествува во разговорите за глобалната безбедност и предизвиците во светот

Левица: Македонија единствена европска земја против хуманитарна помош за Палестинците – ДПМНЕ ја влече државата кон талогот на цивилизацијата

Мицкоски во Берлин на состанокот посветен на Украина: Ја потврдивме поддршката за постигнување праведен и траен мир преку дијалог, дипломатија и координација со нашите сојузници

Општина Охрид ги интензивира активностите за затворање на депонијата „Буково“ и воспоставување нов систем за третман на комуналниот отпад

Проф. д-р Жан Митрев на МАСИТ: примената на иновациите во здравството не е нов концепт, туку процес што се развива со децении